Црно-бел стилски спој на Меган Маркл и Кејт Мидлтон

13 март 2018

На својот прв официјален настан со Кралицата Елизабета, на традиционалниот Commonwealth Day, Меган Маркл го направи вистинскиот стилски избор што секако беше проследено и поздравено од сите светски медиуми.

Својот аутфит таа го синхронизираше со оној на Кејт Мидлтон, па двете беа вистинска атракција за јавноста.

Меган одбра комбинација која веќе стана препознатлива за нејзиниот имиџ откако „неофицијално" е дел од кралското семејство: елегантен бел капут со средна должина, во перфектен крој, комбиниран со префинет црн миди фустан, бела шапка и високи потпетици.

Кејт пак на себе носеше капут во сличен фазон, само во контрастна-црна варијанта, украсен со брош и во совршен крој кој ѝ го потенцира и трудничкото стомаче. Шапката како еден стилски симбол на женскиот дел од кралското семејство, не изостана и во овој нејзин аутфит.

Двете млади дами сериозно се наметнаа како стилски икони на новата генерација, се почесто се присутни и во медиумските модни анализи, а тоа што го носат на себе инстантно станува вирален моден хит, што зборува многу за нивното модно влијание.

Објавено:
13 март 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.616 пати