Црвен килим без утка на Британските модни награди

3 декември 2019

Вчеравечер во „Ројал Албетр Хол" во Лондон, се одржа еден од најзначајните модни настани во годината, Британските модни награди или како уште ги нарекуваат, модните Оскари.

Фото: Daily mail, WWD, Rex, James Veysey

Поводот на едно место да се соберат највлијателните во модната индустрија, се разбира беше интересен за светската јавност, а особено за модните медиуми кои го пренесоа амбиентот од луксузиниот црвен килим и гала вечер.

Фото: Daily mail, PA

Елитата меѓу гостите ја предводеше Ријана, која и најмногу го привлече внимането во минт зелена крација од нејзиниот бренд „Fenty", а гламур во својата најчиста форма ни прикажаа двете дами на Холивуд, Кејт Бланшет и Џулија Робертс, облечени во екстравагантни креации на Армани.

Фото: Daily mail, Rex, Anthony Harvey

И комплетниот црвен килим, сосема очекувано, го држеше нивото на висока, врвна естетика, како што и прилега на една ваква манифестација.

Ова беше значајна вечер за Ботега Венета, што меѓу другото беше прогласен за Бренд на годината, а дизајнерот Даниел Ли (Ботега Венета), го доби признането за Најдобар дзајнер за женска облека. Ријана исто така беше на листата на наградени, како победник во категоријата Урбан луксуз за нејзинот моден бренд „Fenty", додека Наоми Кембел беше прогласена за Модна икона, што беше пропратено со емотивен говор по примањето на наградата.

Фото: Getty images, Daily mail

Комплетната листа на победници може да ја погледнете на овој линк.

Во фото галеријата следуваат фотографии од црвениот килим и од атмосферата од доделувањето на најзначајнте британски модни награди.

Фото: Daily mail, Getty images, REX, WWD

Објавено:
3 декември 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
2.357 пати