Црвени тоалети на црвен килим од премиерата на филмот „The Giver“

14 август 2014

Њујоршката премиера на филмот „The Giver“ беше настанот каде ѕвездите од калибарот на Мерил Стрип, Тејлор Свифт, Кејти Холмс, Одеја Раш заносно чекореа по црвениот килим во креации кои се претопуваа со килимот и такви кои контрираа во пастелни нијанси.

 

Пејачката Тејлор Свифт носи фустан во колор блок од црвена и пудрасто розова, креација на Моник Лилие. Актерката Кејти Холмс во знакот на летото е  исто така во светла нијанса на розов плисиран коктел фустан од Зак Посен, додека Одеја Раш во драматично светло ја износи црвената креација од Жорж Хобеика.

 

Улога во филмот има и легендарната Мерил Стрип која на премиерата се појави заедно со својата ќерка. И таа исто така се одлучи за црвено-црна комбинација од богат топ и панталони.

Љубителите на новелата по истоимениот филм, нагодуваат дека црвените комбинации се избрани со намера бидејќи црвената боја постојано се провлекува низ приказната.

Објавено:
14 август 2014
Категорија: 
Сцена