Во Британија вчеравечер се одржа манифестацијата GQ Man of the year Awards, на која можеа да се видат голем број познати личности.

Кога е официјалниот дел во прашање, меѓу наградените се најдоа Џаред Лето – актер на годината, Кристофер Бејли (креативниот директор на „Барбери“) кој е прогласен за дизајнер на годината, Лиам Галагер за рок артист на годината, а Пеле пак, ја доби наградата за Инспирација на годината.

Џаред Лето во „Гучи“

Зејн и Адвоа Абоа победниците во категоријата „Хуго Бос најстилски маж“, односно „Хуго Бос најстилска жена“.

Комплетната листа на добитници можете да ја погледнете ТУКА.

За атмосферата беше задолжена артистката Charli XCX, која на сцената се појави во одличен беж женски костум, додека стајлингот на црвениот килим беше попровокативен.

Charli XCX

Кога е црвениот килим во прашање пак, вниманието најмногу беше насочено кон Попи Делевињ. Таа се појави во романтична и прилично транспарентна, но не и вулгарна креација на дизајнерката Рим Акра од последната пролет-лето колекција.

Попи Делевињ

За транспарентен фустан се одлучија и Ванеса Вајт и Сторм Китинг.

Џордан Дан се појави во црн, кадифен фустан со црвени детали и џебови, и уште еднаш покажа дека едноставноста знае да остави силен впечаток. Нејзината колешка пак, Вини Харлоу, се одлучи за сребрена креација од Џулиен Мекдоналд.

Џордан Дан

Вини Харлоу

Еден од стајлинзите што многу се коментираше во последните 24 часа беше и оној на пејачката Рита Ора. Таа на настанот се појави во црно одело, со панталони со шлиц од страните. Она што е впечатливо кај неа се виолетовите металик чизми со шпиц, со кои направи една навидум досадна комбинација да стане најозборувана.

Рита Ора

За Рокси Нафоуси ова не беше баш најсреќна вечер, бидејќи беше една од оние што имаа проблем со креацијата, па наместо гордо да прошета по црвениот килим, таа мораше да се сокрива.

Рокси Нафоуси

Како изгледаа останатите, погледнете во галеријата горе.

Објавено:
6 септември 2017
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
501 пати