Црвениот килим на отворањето на 74-от Венециски филмски фестивал

1 септември 2017

Со проекцијата на филмот „Намалување", научнофантастична драма на Александар Пејн во кој главната улога ја толкува Мет Дејмон, вчера беше отворено 74-то издание на Венецискиот, најстариот филмски фестивал.

Годинава за престижната награда „Златен лав" се натпреваруваат 21 филм, а главната свечена церемонија на доделување на наградите ќе се одржи на 9-ти септември.

Во официјалната програма ќе бидат прикажани 71 филмски проекции од различни жанрови.

Помеѓу ѕвездите што на вчерашното отворање продефилираа на гламурозниот црвен килим беа и Мет Дејмон, Бјанка Балти, Изабели Фонтана, Ребека Хол, Кејт Босфорд, Аманда Сејфрид, Октавија Спенсер...
Како изгледаа тие на црвениот килим погледнете во галеријата во продолжение.

Фото извор: elle.com; telegraph.co.uk; getty images

 

Објавено:
1 септември 2017
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.285 пати