Дамите во панталони го освоија вниманието на црвениот килим на People’s choice awards

12 ноември 2018

Вчеравечер во Лос Анџелес се одржаа годишните шоу бизнис награди Pepople's choice awards каде признанија добиваат најдобите од сферата на филмот, музиката, модата и телевизијата.

Меѓу доминантните победници беше филмот Avengers: Infinity War, што ги освои наградите за најдобар филм за 2018 и најдобра акција, додека Скарлет Јохансон ја освои наградата за најдобра женска улога во истиот филм.

Во светот на музиката пак, јужнокорејската музичка атракција BTS ги потврди симпатиите на глобалната публика освојувајќи ги наградите за најдобар бенд за 2018, како и најдобра песна за нивниот хит „Idol", а меѓу наградените беше и Ники Минаж, за најдобар женски музички артист и за албум на годината за „Queen".

Викторија Бекам пак ја потврди својата позиција во светот на модата, овојпат со признанието за модна икона на годината, а кога сме во сферата на модата, дизајнерката очекувано беше и една од најдобро облечените на црвениот килим на манифестацијата.

Нејзин избор беше елегантен дводелен костум во бела боја, што во принцип е и карактеристична комбинација за нејзиниот имиџ, секогаш потенцирајќи ја моќта на едноставноста и минимализмот.

А токму дводелните костуми односно „дамите во панталони" го обележаа годинешниов црвен килим на People's choice awards. Покрај Викторија, перфектен избор на комбинација со панталони направија и Скарлет Јохансон, Сабрина Карпентер, Алисон Џени и уште неколку познати дами.

Во галеријата погледнете ги највпечатливите изданија на црвениот килим, а комплетната листа на победници на овој линк.

Објавено:
12 ноември 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.037 пати