Дејвид Бекам ѝ ја скрати косата на Харпер

31 јули 2018

Иако во едно интервју рече дека никогаш не сака неговата ќерка да ја скрати косата, изгледа нејзините желби биле поголеми од неговите.

Деновиве познатиот фудбалер Дејвид Бекам на Инстаграм објави фотографија на која се гледа како ја крати косата на неговата слатка ќеркичка Харпер на која се гледа дека не е среќен поради тоа.

На фотографијата се гледа тажното лице на пензионираниот фудбалер, додека неговата ќеркичка се смее и радува што конечно и е дозволено да ја скрати долгата коса.

„Некој е среќен, а некој не толку“, напиша Бекам под објавената фотографија, додавајќи дека не верувал дека таа може да изгледа поубаво.

Деновиве неговата сопруга Викторија Бекам на социјалните мрежи објави фотографија од заедничкиот курс за правење сладолед, на кој присуствувало целото семејство, а децата особено се забавувале.

Во едно интервју фудбалерот изјави дека никогаш не сака да ја скрати косата на неговата ќеркичка.

„Пред една година, мојата сопруга предложи да ја скратиме косата на Харпер, но јас реков да не ја допира. Откако е родена, не сме ја скратиле воопшто. Затоа е толку долга и убава. Мора да ја заштитам нејзината коса бидејќи е толку прекрасна“, изјави тој.

Љубовта за долгата коса доаѓа од неговата мајка која била стилист и го научила како сам да си ја крати косата. Тој ќе каже дека понекогаш го прави тоа за неговите синови, но не знае добро да ракува со ножици.

 

Објавено:
31 јули 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
2.147 пати