Деловни комбинации по теркот на Викторија Бекам

12 јули 2018

Една од најуспешните дизајнерки која за десет години успеа да изгради вистински бренд од својата модна етикета, Викторија Бекам, истовремено важи и за една од најдобро облечените деловни дами во модниот бизнис.

Таа е заштитно лице на својот бренд, па најчесто Викторија носи Викторија Бекам, што се покажа како успешем бизнис потег и една од стратегиите што ја донсесе високо во светот на модната индустрија.

Затоа и може да ја посочиме како комплетен пример како би требало да изгледа една деловна жена која внимава на својот деловен изглед.

Периодов дизајнерката беше активна на релација Лондон – Њујорк – Париз и на тие патувања ја видовме во изданија кои може да послужат како идеална инспирација за вашиот деловен имиџ.

Фото извор: Пинтерест

Објавено:
12 јули 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.671 пати