Деловниот изглед е главен адут во стилот на блогерката Џени Киполети

18 септември 2017

Секогаш кога ни недостасува инспирација околу било кој сегмент во нашиот стил, отвораме Инстаграм. Тука идеите се бесконечни.

Една од нашите омилени модни блогерки чиј стил е беспрекорен, е Џени Киполети која стои зад Инстаграм профилот @margoandme.

Таа знае како совршено да спои елегантни панталони со висок струк и обична маичка со натпис или романтично здолниште со патики. Она што ќе забележите ако го следите нејзиниот стил е деловната естетика како главен адут во нејзиниот имиџ.

Секоја деловна жена која нема идеја како да се облече дента за значаен бизнис состанок, веројатно лесно ќе пронајде инспирација во стилот на Џени.

Ненаметлива, а впечатлива – тоа е нејзината стилска формула.

Фото извор: @margoandme

 

Објавено:
18 септември 2017
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.906 пати