Деми Ловато: Ќе продолжам да се борам!

6 август 2018

Неодамна познатата пејачка Деми Ловато беше хоспитализирана поради предозираност, а оттогаш нејзините обожаватели со нетрпение очекуваа некаква информација од неа.

Конечно, таа им се обрати на фановите преку објава на нејзиниот Инстаграм профил, во која им се заблагодари за поддршката и им вети дека ќе продолжи да се бори.

Во продолжение, го пренесуваме писмото во целост:

„Отсекогаш бев искрена за моето патување со зависноста. Она што научив е дека оваа болест не е нешто што исчезнува со време. Ова е нешто што морам да го надминам, а сè уште не сум го направила тоа. Сакам да му се заблагодарам на Господ што ме одржа во живот и што сега сум добра. Сакам да им се заблагодарам на моите фанови за љубовта и поддршката што ми ја пружија. Вашите позитивни мисли и молитви ми помогнаа да го поминам ова тешко време. Сакам да му се заблагодарам на моето семејство, мојот тим и персоналот во болницата кои беа покрај мене цело ова време. Без нив, сега немаше да ви пишувам писмо. Сега ми е потребно време да се излечам целосно и да се фокусирам на тоа да останам трезна. Љубовта која ми ја покажавте никогаш нема да ја заборавам и едвај чекам да ви кажам дека сум успеала да стигнам на другата страна. Ќе продолжам да се борам. Деми“.

Пејачката беше пренесена во болница на 24 – ти јули откако била пронајдена без свест во нејзиниот дом во Холивуд.

Таа веќер, Деми била на роденденска забава со членовите на нејзиниот тим, па најверојатно по завршување на истата се предозирала.

Деми Ловато со поранешното момче Вилмер Валдерама

Медиумите пишуваат дека најверојатно оваа недела таа ќе биде пуштена на домашно лекување, а подоцна ќе замине во центар за рехабилитација.

Објавено:
6 август 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
301 пати