Деми Ловато: Пиев вотка во 9 часот наутро!

22 јуни 2018

На концерт во Бруклин овој март популарната музичка ѕвезда Деми Ловато низ солзи им соопшти на обожавателите дека неколку години е трезна и дека многу се гордее со тоа.

„Пред шест години, пиев вотка од шише Спрајт во 9 часот наутро, повраќав каде ќе стигнев. Еден ден си реков: Ова што го правам повеќе не е добро. Повеќе не е забавно. Застанав за момент и реков дека нешто мора да се промени. И го направив тоа“, рече пејачката на концертот, по што наиде на громогласен аплауз од обожавателите.

Денеска, по речиси четири месеци од оваа искрена објава, пејачката објави нова песна и видео запис со наслов „Sober“ во кој ја раскажува нејзината искрена приказна.

Преку зборовите во песната, таа им кажува на нејзините фанови со што всушност се соочила додека консумирала алкохол и дрога и им се извинува на сите за нејзиното однесување.

Низ годините, како што таа ќе каже искрено во многу интервјуа, се соочила со предозирање од алкохол, дрога, имала проблем со биполарно растројство, булимија и што уште не.

За нејзиниот живот, беше снимен и документарец со наслов Demi Lovato: Simply Complicated, кој вреди да го погледнете.

Последното видео е уште еден доказ дека таа е голем борец и дека секогаш сака да биде искрена за она што и се случува во животот и да го сподели со обожавателите, за да може да им помогне и на другите луѓе кои се соочуваат со вакви или слични проблеми.

„Мора да признаете дека имате проблем за да можете да го решите. Мора на секој начин да се обидете да се изборите со демоните во вас“, вели пејачката во едно интервју.

Објавено:
22 јуни 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
741 пати