Дева Касел неодоливо личи на мајка си Моника Белучи

15 април 2019

Светските медиуми деновиве не престануваат да зборуваат за постарата ќерка на Моника Белучи и Винсент Касел , Дева.

Таа е новото заштитно лице на брендот „Долче и Габана“ и ќе се појави во нивната најнова реклама.

Дева, која денеска има 14 години, никогаш јавно не беше експонирана од страна на родителите, па затоа оваа вест привлече големо внимание.

Таа е вистинска убавица, а факт е дека неодоливо потсетува на нејзината мајка, особено од младоста.

Во исчекување на видеото и официјалните фотографии, погледнете ги овие што се појавија во јавноста, како и фотографии од Белучи во младоста, со што и сами ќе ја воочите сличноста:

 

Моника:

Објавено:
15 април 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
2.999 пати