Оливија Палермо
Директно или индиретно, славните личности како: манекенки, актерки, модни инсајдерки се почесто како пасија имаат да застанат зад пултот на Дј-от. Алекса Чанг, Соланж Ноулс, Оливија Палермо, Наоми Кемпбел се само мал дел од „заразените“ со оваа манија, па' кога и да се појават во ноќен клуб, приватна забава или отварање на брендирани продавници, во никој случај не пропуштаат да ја сменат улогата на Дј-от или пак да му прават друштво на пултот.
Кејт Мос
Сигурно претпоставувате дека ова не е случајност туку за истото тие добиваат голема сума пари само за да привлечат што повеќе гости и да го издигнат реномето на клубот. Ваков случај се и отворањето на брендираните продавници, каде не случајно туку намерно се ангажираат имиња на влијателни девојки како од филмската така и од модната индустрија. Па така, кога се отвора некоја продавница на Шанел, главен Дј често е Алекса Чанг.
Алекса Чанг
Овој тренд владее од подамна, но очигледно тој се повеќе се интензивира во кругот на славните. Сигурно е дека ако се откажат од примарната професија, веќе имаат резервен занает.