Домот на Карли Клос во Њујорк

8 март 2014

По долги години активно занимавање со манекенството и постојано менување на светските метрополи, Карли Клос решо да се стационира на едно место, а по реновирање на  домот во Њу Вилиџ во Њујорк, таа ја пречека екипата на американскиот Вог.

Иако има само 21 година, Карли зад себе има богато портфолио и проекти од чија заработка може комотно да си дозволи луксузен живот. Во однос на уредувањето на новиот дом и помогнал нејзиниот пријател Најт Беркус, кој сепак при изборот на нијансите, гарнитурата и украсните предмети, се водел од личниот стил на Карли и потребата од удобност и топлина во домот.

Екипата на Вог направила неколку интересни фотографии од новиот дом на Карли, а таа истакнала дека најомилена просторија и е токму кујната, каде ги спремала познатите „Karlie's Kookies“

Објавено:
8 март 2014
Категорија: 
Сцена