Донатела Версаче: Во следниот живот сакам да бидам потпетица!

19 декември 2014

Таа е дефинитивно една од омилените дизајнерки на светските ѕвезди, а тоа постојано го докажува со соработките со некои од најпознатите, меѓу кои и Лејди Гага, Џенифер Лопез и многу други. Одговарајќи го Прустовиот прашалник, таа вели дека во следниот живот сака да биде потпетица, дека речиси секогаш потклекнува под дијаманти и дека она за што денеска најмногу жали, е тоа што нејзиниот брат не е повеќе со неа!

Која е вашата идеја за совршена среќа?

-Семејството, пријателите, смеата и музиката кои сакам секогаш да се неверојатно гласни.

На која личност во светот најмногу и се восхитувате?

-На секој хомосексуалец или трансродова личност кои се борат за нивните права во светот.

Која особина најмалку ја сакате кај себе?

-Мојот карактер!

Која особина најмалку ја сакате кај другите?

-Неискреноста!

Во што сакате да претерувате?

-Во купувањето дијаманти!

Кое било вашето омилено патување досега?

-Секое она од кое повторно се враќам дома.

Која е според вас најпреценетата особина?

-Трпението! И тишината...

Во која ситуација лажете?

-Во минатото, се лажев самата себеси! Се надевам дека не го правам тоа повеќе!

Која физичка особина најмалку ја сакате кај себе?

-Јас верувам во тоа дека секој треба да се прифати себеси онаков каков што е!

Која личност на светот најмногу ја презирате?

-Секој оној што му ги одзема слободата и правата на другиот.

Која е фразата/збор што најмногу ја употребувате?

-На италијански subito, или на англиски – веднаш!

Што е она за што најмногу жалиш во животот?

-Тоа што мојот брат Џани не е повеќе со нас.

Кој или што е твојата најголема среќа?

-Моите деца!

Кога и каде беше најсреќна?

Сега, во овој момент!

Кој талент би сакала да го поседуваш?

-Сакам да пеам. Целиот живот сум опкружена со големи таленти како Лејди Гага, Мадона, Принц, Бијонсе... Да можам да го имам нивниот талент барем на секунда, би било супер!

Која е вашата моментална состојба на умот?

-Возбудена, енергична, нетрплива!

Што е она што го сметате за ваше најголемо достигнување?

-Тоа што Версаче е бренд на 21 – от век со солидна иднина!

Што би сакале да бидете во следниот живот?

-Високи потпетици!

Каде би сакале да живеете?

-За мене, патувањето низ светот благодарение на мојата работа е совршено! Многу сум нетрпелива за да останам на едно место.

Кои се квалитетите што најмногу ги сакате кај еден маж?

-Шарм и добро тело!

Кои се квалитетите што најмногу ги сакате кај жените?

-Силата и моќта!

Што е она што најмногу го цените кај вашите пријатели?

-Љубовта, грижата, хуморот, интелигенцијата...

Кои се вашите херои од реалниот живот?

-Децата на улица! Таму ќе најдете вистинска енергија!

Објавено:
19 декември 2014
Категорија: 
Сцена