Досега необјавени фантастични фотографии од Елизабет Тејлор

15 март 2016

Речиси никој не се доближил повеќе до прекрасната Елизабет Тејлор од нејзиниот пријател и фотограф Фироз Заеди кој во нивното 40 годишно дружење направил фасцинантни фотографии од дивата. 

Тој ја запознал актерката во 1976 – та година кога бил на мисија да пронајде геј клубови во Вашингтон кога таа престојувала кај нејзиниот пријател, а негов братучед, иранскиот амбасадор во Америка Ардешир Заеди. 

Во моментите кога амбасадорот не бил во можност да се дружи со актерката, Фироз постојано ја забавувал и одел со неа на различни спектакуларни настани, по што многу брзо станале добри пријатели. 

Како што фотографот ќе каже, тој се чувствувал прекрасно и многу опуштено во нејзино присуство. 

Таа го охрабрила во неговата намера да стане фотограф и постојано му дозволувала да ја фотографира на различни места каде што оделе. 

На заедничкото патување во Иран, тој имал несекојдневна можност да ја фотографира актерката во костими за капење, секогаш супер расположена и насмеана. 

Нивната дружба продолжила сѐ до нејзината смрт во 2011 – тата година, а денеска сите ексклузивни фотографии може да се видат во книгата на Ардешир која е вистинско богатство.

Објавено:
15 март 2016
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
858 пати