Дуа Липа ги одбележа годинешните BRIT Awards

22 февруари 2018

Младата и атрактивна пејачка, Дуа Липа ја освои наградата за Најдобар женски соло артист на вчера одржаните Британски музички награди (BRIT Awards), каде го освои вниманието и на црвениот килим и на сцената во познатата О2 арена.

На црвениот килим Дуа Липа се појави во драматичен, асиметричен и слоевит фустан од тул во светло розова нијанса, од Џамбатиста Вали, за кој во медиумите имаше радикално спротивни коментари: од тоа дека Лупа изгледа како принцеза-бунтовничка до тоа дека направила погрешен избор. Но, она што е сигурно е дека сите зборуваат за нејзиното појавување на црвениот килим, исто како и за нејзиниот фантастичен сценски настап за популарниот хит „New rules".

Во категоријата за Најдобар машки соло артист, Стормзи успеа да го победи Ед Шеран, а исто така тој ја освои и наградата за Албум на годината „Gang Signs & Prayer".

„Gorillaz" беа прогласени за најдобра британска група, додека „Foo Fighters" го освоија признанието за најдобар интернационален бенд.

Ед Ширан сепак не остана без награда, туку напротив, го освои престижното признание за светски успех, а наградата за најдобар сингл му припадна на Rag'n'Bone Man за „Human".

И на оваа манифестација не изостана поддршката за движењето против сексуалното малтретирање на жените, #Me Too, овојпат симболично прикажано преку белите рози што со себе ги носеа гостите на црвениот килим, меѓу нив и: Рита Ора, Ели Голдинг, Кајли Миног, Палома Фејт...

Погледнете во какво издание се појавија познатите на црвениот килим, во фото галеријата во продолжение.

Фото извор: Daily mail

Објавено:
22 февруари 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.446 пати