Двегодишната ќерка на Бекамови во прв ред на Модната недела во Њујорк

10 септември 2013

kerka-bekam

Харпер Бекам несомнено ја засени нејзината мајка Викторија. Малото девојче седеше во првиот ред на модната ревија на нејзината мајка Викторија Бекам во Њујорк, во прегратките на нејзиниот татко фудбалерот во пензија Дејвид Бекам и модната уредничка на најреномираното светско списание Vogue, Ана Винтур.

Харпер можеби има две години, но таа веќе посетува часови по мода во модно училиште и има поминато неколку степени. Седејќи во прв ред на Модната недела во Њујорк каде нејзината мајка имаше свој настап ги воодушеви гостите, а успеа да измами и насмевка на лицето на Ана Винтур. Харпер беше облечена во бело фустанче од модниот бренд Клое, модерни балерини, а косата и беше собрана во фенси пунџа.

Седејќи до Ана Винтур малата принцеза на Бекамови уште од сега си го обезбеди кралското место во светот на модата. Сури Круз, ќерката на Кејти Холмс и Том Круз која важи за едно од најмодните деца најпосле ја доби својата конкуренција.

 

 

Објавено:
10 септември 2013
Категорија: 
Сцена