Двојничката на Џоли популарна и на Инстаграм

9 септември 2015

Челзи Мар од Шкотска, е 24-годишната девојка за која зборуваат сите светски медиуми поради една причина: нејзината неверојатна сличност со актерката Анџелина Џоли.

Фотографиите што секојдневно ги објавува на социјалната мрежа Инстаграм постојано го зголемуваат бројот на нејзините следбеници, со моментална бројка од 85 илјади.

Честопати и се поставува прашањето, дали направила пластични корекции со цел да личи на актерката, на што таа на својот профил на Фејсбук одговори:

-Сите што ме познаваат знаат дека јас секогаш зборувам отворено и навистина не ми смета да дискутирам на таа тема. Точно е дека направив корекција на усните, не за да личам на некого туку од едноставна причина што посакував пополни усни како и сите други жени, вели Челзи.

Таа исто така додава дека го оперирала и носот уште како помала, а во меѓувреме ги зголемила и градите.
Намерно или не, девојката навистина личи на Анџелина Џоли, што таа исто така знае да го искористи и за добра заработка, најчесто од снимање реклами и едиторијали.

Објавено:
9 септември 2015
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
4.891 пати