Џастин Бибер ја побара Хејли Болдвин за жена

9 јули 2018

Во светските медиуми вчера одекна веста дека Џастин Бибер (24) ја побарал својата девојка, Хејли Болдвин (21) за жена. 

Први веста ја соопштија од магазинот „Ти-Ем-Зи“, а потоа и сите останати. 

Двојката викендов беше на Бахамите, а во текстот се вели дека Џастин го направил свечениот чин во саботата вечер, за време на вечера во ексклузивен ресторан. Двајца очевидци за магазинот откриле дека обезбедувањето на Бибер ги замолило сите гости да ги предадат нивните телефони, со што веднаш станало сомнително дека нешто посебно ќе се случува.

Веста брзо се прошири благодарение на твитот што го сподели таткото на Хејли, Стефан Болдвин во кој се вели „Насмевка на моето лице! Јас и мојата сопруга секогаш се молиме за Господовата волја. Таа е сега во срцата на ЏБ и ХБ. Ве сакаме и двајцата многу!“, а кој кратко потоа беше избришан. Инаку, во твитот ги означи и родителите на Бибер, честитајќи им со цитат од Библијата.

Но, на социјалната мрежа се појавија и други твитови, каде се вели дека двојката е забележана на Бахамите, а Хејли има огромен прстен на раката, а споделените фотографии го потврдуваат тоа.

Инаку, твитот на Стефан се појави после оној на таткото на Џастин, Џереми, во кој вели дека е горд на неговиот син и возбуден за новото поглавје. Мајката на Џастин пак, сподели твит во кој се повторува зборот „Љубов“.

Двојката официјално не ја потврдила веста, но честитките од сите страни веќе пристигнуваат.

За потсетување, Џастин и Хејли се во врска нешто повеќе од месец дена, после долга пауза од нивната прва романса во 2016 година.

Објавено:
9 јули 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
974 пати
Извор: 
daily mail