Џастин Бибер, Ники Минаж и Ед Ширан ги „собраа“ сите награди на MTV EMA

26 октомври 2015

Повратникот на музичката сцена, омилениот кај девојките – Џастин Бибер, вчеравечер ги „собра“ сите награди на MTV EMA 2015 во Милано.

Тој беше прогласен за апсолутен победник во категориите „најдобар машки изведувач“ и „најдобар глoбален настап“, а токму во Милано, тој го изведе неговиот огромен хит „What Do You Mean“.

„Ви благодарам...Изминатите неколку години беа навистина долги, се чувствувам прекрасно вечерва, што го добивам ова признание. Сакам да им се заблагодарам на сите мои обожаватели, на мајка ми и татко ми, на Господ и на сите што ми помогнаа да стигнам тука денеска. Ве сакам, ви благодарам“, изјави Бибер.

Шоуто во Милано го отворија Macklemore и Ryan Lewis, а веднаш потоа на публиката ѝ се обратија годинешните водители Ед Ширан и прекрасната Руби Роуз која смени безброј комбинации.

Еден од најдобрите настапи на годинешните MTV EMA имаа ветераните Duran Duran, кои за прв пат во кариерата освоија и награда.

Како и секогаш, вистински празник за очи беше позитивниот Фарел кој за настапот се појави во комбинезон и шармантна капа, додека ја изведуваше неговата „Freedom“.

Наградата за „најдобар женски изведувач“ отиде во рацете на Ријана, „најдобра песна“ за Bad blood на Тејлор Свифт, а наградата за „најдобар хип – хоп изведувач“ ја доби Ники Минаж која малку се збуни при говорот.

Во продолжение, погледнете ги познатите и нивниот моден избор за годинешното доделување на MTV EMA наградите.

Објавено:
26 октомври 2015
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
498 пати