Џастин и Хејли за Вог: Немавме секс пред бракот

8 февруари 2019

Во ексклузивно интервју за магазинот Вог, сè уште омилената ѕвезда на тинејџерките Џастин Бибер и неговата сопруга Хејли Болдвин искрено говорат за предизвиците со кои се соочиле во бракот и за тоа дека биле во целибат пред да ги потпишат документите.

Пејачот говори за прекумерната употреба на дрога, за лошите работи што ги правел во екот на славата, за посетите на бордели и сите останати искуства што доаѓаат заедно со популарноста и богатството што тој го стекна многу млад.

„Сакав повторно да му се посветам на Господ бидејќи сметав дека тоа е добро за мене и мојата душа. Верувам дека Господ ме благослови со Хејли за возврат, бев награден затоа што почнав добро да се однесувам“, вели тој во интервјуто.

Додава и дека решил да стави крај на лошото однесување по една цела ноќ помината во бордел во Бразил каде потрошил илјадници долари на девојки и дрога, а тој бил и моментот кога решил дека ќе биде во целибат додека не ја најде вистинската девојка.

„Почнав да правам работи што не ми се допаѓаа, почнав да употребувам Ксанакс бидејќи се срамев од себеси. Мајка ми секогаш ми велеше дека треба да се однесувам кон жените со почит, а јас не го правев тоа. Имав сериозен проблем со сексот. Тоа ми предизвикуваше многу проблеми“, вели тој во интервјуто, појаснувајќи дека речиси цела година бил во целибат, сè додека не ја официјализирале врската со Хејли.

Во еден момент тој вели дека тоа била само една од причините поради кои сакал да се ожени со Хајли, но не и единствената.

„Кога повторно ја видов после толку години, се сетив колку многу ја сакам и колку многу ми недостасувала. Се сетив на сето позитивно влијание што таа го имаше врз мојот живот. Си реков, ова е токму тоа што го барам“, додава пејачот во интервјуто.

Инаку, приказната за љубовната двојка датира уште многу одамна кога тие двајца се запознале во едно ток – шоу кога Хејли била само обожавателка на пејачот. По неколку години, благодарение на нивните родители тие почнале повторно да се дружат, но само како пријатели, по што имале и кратка врска која не завршила добро поради изневерување.

Години подоцна, се виделе на миса во заедничката црква што ја посетувале заедно со семејствата и пријателството повторно се „разгорело“.

Во интервјуто тие говорат и за предизвиците со кои се соочиле во бракот и за тоа дека се свесни колку се млади и колку многу треба да работат на нивната врска, но ќе кажат и дека се навистина среќни и дека се многу заљубени.

Хејли додава и дека на почетокот се чувствувала навистина осамено, со оглед на тоа што била далеку од семејството бидејќи се преселиле во нова куќа близу Торонто и постојано се чувствувала лошо поради огромниот број несоодветни пораки што ги добивала од обожавателките на Џастин.

Двајцата завршуваат со пораката дека ќе се борат за нивната љубов и за бракот и ќе си ветат дека ќе пораснат заедно и ќе се подржуваат во било кој аспект од животот.

Инфо: Vogue, people.com

Фото: ANNIE LEIBOVITZ/Vogue

Објавено:
8 февруари 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
909 пати