Џеј Ло и Алекс Родригез ја накитија новогодишната елка

13 декември 2017

Популарната двојка Џеј Ло и Алекс Родригез вчера ја китеа новогодишната елка, а тоа го знаеме благодарение на нивните Инстаграм профили.

И двајцата споделија дел од нивната домашна празнична атмосфера, а светските медиуми веднаш го објавија тоа како вест број еден.

Ова ќе биде прв заеднички Божиќ на пејачката и спортистот, па тоа е причина повеќе што јавноста ја интересира како ќе ги поминат празниците.

Инаку, елката е во златни и црвени тонови, а освен Џенифер, нејзините две деца, близнаците Макс и Ема кои ги доби во десетгодишниот брак со Марк Ентони и Алекс, во украсувањето им помогна и роднина на пејачката.

Родригез пак исто така има две деца, Наташа (13) и Ела (9) од бракот со Синтија Скуртис од 2002 до 2008 година.

Џенифер периодов беше активна со турнејата во Лас Вегас, а во моментов во Њујорк снима ново остварување со Ванеса Хадџенс и Леа Римини.

Објавено:
13 декември 2017
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
2.275 пати
Извор: 
DailyMail