Џеј Ло како божица на настап со Малума

5 октомври 2019

Освен што снимаат филм заедно (Marry Me), Џенифер Лопез и Малума вчера имаа и заеднички настап. Имено, младиот пејач имаше концерт во Њујорк, односно „Медисон Свер Гарден“, каде гостинка му беше латино ѕвездата.

Таа се појави во фантастичен златен фустан со реси, како и соодветни модни додатоци за глава и накит и изгледаше како божица.

Познатото дуо ја изведе песната „No me Amas“, која Џенифер во оригиналната верзија ја пее со поранешниот сопруг Марк Ентони. 

Погледнете:

 

Објавено:
5 октомври 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.821 пати