Џеј Ло во две различни модни изданија во еден ден

17 февруари 2018

Преку своите Инстаграм профили, познатата двојка Џенифер Лопез и Алекс Родригез си го честитаа Денот на вљубените.

Но, она што уште повеќе го привлече вниманието на шоу-биз јавноста е нивниот изглед. Имено, во Мајами во ист ден, двојката беше забележана два пати.

Џеј Ло и Алекс преку ден беа на шопинг, а нивните модни комбинации беа софистицирани и елегантни. Пејачката се појави во беж тесен миди фустан што ги истакнува облините, во комбинација со чевли на висока потпетица во истата нијанса, голема чанта, очила за сонце и округли обетки.

Родригез пак ѝ парираше со сиво, класично одело, кошула и вратоврска.

Двојката е забележана во продавница за накит, па веднаш се појавија гласини околу тоа дали двојката конечно ќе ја официјализира врската.

Вечерта пак, пејачката и спортистот одлучија да го прослават празникот на романтичен начин, во италијански ресторан, па се појавија во дијаметрално спортивни изданија од тие дневните.

Алекс се одлучи за полежерна беж варијанта, што вклучува панталони, џемпер и кошула, додека изборот на Џенифер беше смел и провокативен стајлинг.

Таа се појави во црни широки панталони со висок струк, кои ги искомбинира со црно-сребрен топ односно градник кој се врзува околу половината. На дел од фотографиите се гледа дека носи и палто во бисерна боја.

Инаку, она што светските медиуми веднаш го забележаа е дека таа има нов прстен, но не свршенички. За празникот, од Родригез доби т.н. “пантер“ прстен од „Картие“ украсен со дијаманти и вреден дури 186.000 долари.

Објавено:
17 февруари 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.432 пати