Џеј Ло во женствен асиметричен стајлинг во емисијата на Елен Деџенерис

1 декември 2018

Џенифер Лопез неодамна ѝ беше гостинка на Елен Деџенерис по 21-ви пат. Овој пат, пејачката и актерка беше една од личностите што се најдоа во празничните емисии на Деџенерис омилени, благодарение на ексклузивните подароци што ги дава.

Лопез во емисијата се појави во најдобро издание досега. Нејзиниот избор, кога е облеката во прашање, беше асиметрична блуза и тесно здолниште со карнери и копчиња од брендот „Макс Мара“. 

Освен одличниот избор на облека, Џеј Ло имаше совршена фризура и шминка и салонки во истата боја со облеката. 

Таа сподели во емисијата дека добрата форма на телото е благодарение на вежбањето со кое се занимава целиот живот:

„Уште пред да станам танчерка, се занимавав со атлетика и вежбањето ме следи низ целиот живот. Се обидувам да не мислам на годините, туку на тоа како се чувствувам внатрешно, Сè уште мислам дека сум користа, чувствувам дека имам многу енергија. Можеби еден ден и тоа ќе се промени, но сега се чувствувам одлично“, сподели Лопез.

Нејзиниот изглед заслужи бројни комплименти и од Елен, но и од модните инсајдери и публиката, која коментира дека Лопез блеска како никогаш до сега.

На коментарот пак, на водителката дека Алекс Родригез споделил со неа дека планира да ја запроси Џенифер за Божиќ, актерката и пејачка вели дека тоа не е вистина.

„Сигурно не ти го кажал тоа. Не знам дали ќе се земеме. Неколку години сме во врска, убаво и среќни сме, за друго не знам“, потенцира Лопез.

Стана збор и за новиот филм во кој Џенифер ја толкува главната улога, насловен како „Second Act“, чија премиера е закажана за 20-ти декември, романтична комедија совршена за претпразничниот период.

Во остатокот од емисијата ги доделуваа вредните подароци, а како изгледаше тоа, погледнете во видеата во продолжение:

 

 

 

Објавено:
1 декември 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.174 пати