Џенифер Анистон и Џастин Теро станаа родители?!

13 август 2015

После тајната свадба, актерката Џенифер Анистон повторно ја изненади јавноста. Како пренесуваат странските медиуми, актерката и нејзиниот сопруг Џастин Теро одлучиле да се остварат и како родители, така што ќе посвојат дете.

Новиот член на семејството е шестмесечно девојче, кое би требало да го донесат во домот за неколку недели, пренесува Hollywood life.

-Потребно е неверојатно трпение за да се дојде до оваа цел. Џен отсекогаш копнееше по дете. Таа е мајчински тип, многу е грижлива и топла. Не брзаше да се омажи, иако врската со Џастин се одвиваше токму во тој правец. Сè друго е логичен сплет на околности – вели извор близок до двојката за магазинот.

Тој додава дека документацијата за посвојување е завршена. Како пренесува пак US Weekly, околу процесот Џенифер имала голема помош од Сандра Булок, која го посвои синот Луис во 2010 година.

Познато е дека Анистон и порано зборуваше за неможноста да се оствари како мајка, колку тоа ѝ задава болка и како притисокот на јавноста придонел тоа да биде уште потешко.

-Сметам дека не е фер да се врши толкав притисок врз жените со стереотипни прашања – кога ќе се омажи, кога ќе најде партнер, кога ќе има деца. Никогаш не ја знаете заднината на нечија приказна и колку некој можете да го повредите со тоа – изјави актерката во една пригода.

Дел од светските медиуми пренесоа дека славната двојка ја потврдил информацијата, иако официјално соопштение сè уште нема.Дали е вистина или не, останува да видиме.

 

Објавено:
13 август 2015
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
4.791 пати