Џенифер Гарнер никогаш не изгледала подобро

20 октомври 2017

Во Њујорк вчеравечер се одржа гала вечерта „SaveTheChildren“, од хуманитарен карактер, а вниманието беше насочено кон актерката Џенифер Гарнер.

Таа се појави во црна свечена креација со потпис на „Мајкл Корс“, а коментарите и на модните стручњаци и „обичниот“ народ се дека 45-годишната актерка никогаш не изгледала подобро.

После разводот со Бен Афлек, таа во јавноста најчесто се појавува во лежерни комбинации и тренерки, а позната е по тоа што речиси никогаш не носи шминка.

Паузата од вакви гламурозни настани ја прекина вчеравечер и ги собра сите комплименти.

Фустанот со реси го искомбинира со сакото-пелерина од модната куќа „Живанши“.

Инаку, пред да се појави на црвениот килим, актерката со свечениот фустан носеше патики, кои потоа ги смени за црни, елегантни сандали.

На манифестацијата присуствуваа и други познати личности меѓу кои Оливија Вајлд, Леона Луис, Дакота Фенинг и други.

Остин и Габриела Херст

Дакота Фенинг во „Долче и Габана“

Кристоф Бабин Леона Луис

Оливија Вајлд во „Валтино“

Рајан Тедер

Тамрон Хал

 

фото извор: instyle.com; popsugar.com;

Објавено:
20 октомври 2017
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.997 пати