Веќе неколку месеци прекрасната Џенифер Лопез е во врска со еден од најпопуларните бејзбол играчи во светот Алекс Родригез, а неодамна таа за прв пат јавно проговори за нивната романса.

Во шоуто на Елен Деџенерис пејачката раскажа како всушност се сретнале и дека таа прва му пришла и почнала разговор со него.

„Бевме на ручек во ист ресторан и едно време и двајцата се најдовме надвор и јас прва почнав разговор со него, едноставно го поздравив и тоа беше нашата средба“, раскажа пејачката во шоуто.

На прашањето дали таа преспала кај него вечерта, музичката дива шеговито одговори дека никогаш не преспива кај момците на првата вечер.

Нивната романса продолжила кога тој и се јавил неколку денови подоцна и ја поканил на состанок, по што нивната врска се развивала во навистина интересен правец.

Оттогаш, тие важат за една од најстилските двојки кои било кога се појавиле, благодарение на нивниот фантастичен вкус и совршени комбинации во кои ги гледаме речиси секојдневно.

Неодамна тие се вратија од нивниот заеднички одмор во Доминиканската република каде пејачката настапи за прв пат, но имаа и неколку посети на локални училишта каде разговараа со учениците кои беа пресреќни.

Пејачката и бејзбол играчот се само неколку месеци заедно, но нивните пријатели откриваат дека тие се согласуваат навистина одлично и многу наскоро би можеле да изненадат и со венчавка.

Објавено:
25 април 2017
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
3.834 пати