Џенифер Лопез има 30 години помлада двојничка

1 ноември 2019

Русинката Наталија Мирскик е атрактивен професионален модел, која неверојатно наликува на Џенифер Лопез.

Стана особено популарна на Инстаграм, позната како 30 години помладата двојничка на поп дивата.
Живее во својата родна земја, има 19 години и професионално се бави со манекенство, а се почесто ѝ бараат автограми токму поради нејзината сличност со Џеј Ло.

Благодарение на тоа, дури добила и неколку професонални ангажмани, а и самата кажува дека со намера што повеќе да личи на познатата актерка и пејачка, се шминка и облекува слично како неа.

На нејзинот профил на Инстаграм @m.n.eee18 ќе најдете бројни нејзини фотографии, па проценете сами за сличноста.

 

Објавено:
1 ноември 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
5.553 пати