Џенифер Лопез ја скрати косата во стилот на Џени од соседството

2 август 2014

Преубавата латино - американка изгледа совршено иако е во петата деценија од својот живот, а со извонредниот изглед, докажува дека годините не и можат ништо. Општо познато е дека по раскинување на врските, девојките сакат да прават драстични промени, а дали е тоа причина за променетиот имиџ на пејачката, сеуште не знаеме.

Со цел да го привлече медиумското внимание повторно, Џенифер Лопез ја скрати косата и тоа во стилот на Џени од соседството, со што потсетува на тинејџерка или поточно млада девојка од Квинс, местото од каде што потекнува. Пред кратењето на косата, пејачката беше во центарот на вниманието поради роденденската прослава, а со новиот имиџ Џенифер изгледа романтично и младолико – токму тоа што и е  неопходно за годините да не почнат да се оцртуваат по нејзиното лице.

Објавено:
2 август 2014
Категорија: 
Сцена