Џенифер Лопез конечно ја запозна својата двојничка

8 јули 2019

Откако минатата година, шпанската телевизија „Јунивижн“ ја претстави пред публиката Кони Пења, нејзиниот живот уште повеќе се менува.

Имено, таа e имитатор на Џенифер Лопез. Нивната сличност е толку голема, што таа постојано патува со обезбедување. Свесна за сличноста, Пења неретко се облекува и шминка токму како познатата ѕвезда, па на моменти навистина се збунувате и не знаете кого го гледате. 

Откако телевизијата ја стави во фокусот на јавноста, мексиканката Кони имаше во план да направи трибјут за нејзината икона, со комплетно шоу. Неделава пак, двете дами конечно се сретнаа, а фотографиите ги објавија на Инстаграм.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Connie Pena Official (@conniepena) onJul 3, 2019 at 11:11am PDT

 

„Конечно имав шанса да ја запознам госпоѓа Џенифер Лопез, легендата, мојата икона и жената која ме мотивираше и влијаеше врз мене на многу начини! Овој ден ми го смени животот. Го чекав овој ден толку долго. Никогаш не сум била толку нервозна во животот. Помина една година откако најавив дека ќе го одржам првиот трибјут посветен токму неа, со комплетно шоу. Во главата имав милион прашања и зборови за неа, но да се биде во нејзино присуство, лице в лице, ми предизвика таква трема да не можев да ја прашам ниту едно прашање. Единствените зборови што излегоа од мојава уста беа зборови на благодарност за тоа што е и за тоа колку мотивирачки влијае на мене, како и тоа дека работам многу напорно за првото трибјут шоу што го подготвувам во нејзина чест. Нејзината реакција, насмевка и прегратка беа благослов и нешто незаборавно. Тоа што слушнав од неа дека вели колку многу си личиме, ми го исполни срцето со радост! Ти благодара Џеј Ло што секогаш на нас, твоите фанови и поддржувачи ни го даваш најдоброто од себе. Како мајка на две деца, знам дека не е лесно, но ти секогаш наоѓаш начин да му го дадеш на светот најдоброто од себе и за тоа ти се восхитувам и те почитувам како мајка, силна латино жена, забавуваш, изведувач и лидер! Можам да продолжам да зборувам и зборувам за тоа зошто одлучив да ја посветам мојата кариера да бидам твој имперсонатор, но твојата огромна работа зборува сама за себе! Посакувам да имав повеќе време да зборувам со неа и да ја запознаам, но разбирам дека се работеше за кратка средба и поздрав“, вели Пења во инстаграм објавата.

Погледнете ги фотографиите и проценете сами колку си личат:

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Connie Pena Official (@conniepena) onMay 24, 2019 at 7:20am PDT

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Connie Pena Official (@conniepena) onMay 24, 2019 at 8:03am PDT

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Connie Pena Official (@conniepena) onMay 8, 2019 at 3:15pm PDT

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Connie Pena Official (@conniepena) onMay 2, 2019 at 1:34pm PDT

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Connie Pena Official(@conniepena) onFeb 28, 2019 at 6:36pm PST

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Connie Pena Official (@conniepena) onFeb 20, 2019 at 3:23pm PST

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Connie Pena Official(@conniepena) onFeb 17, 2019 at 7:32pm PST

 

 

 

 

 

Објавено:
8 јули 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
14.370 пати
Тагови: 
Џенифер Лопез