Џенифер Лопез - од танчарка до модна икона

24 јули 2018

Мултиталентираната Џенифер Лопез денеска го прославува 49. роденден. На прагот пред шестата деценија таа има изглед на кој можат да ѝ позавидат и многу помлади колешки.

Со танц се занимава од дете, а тоа е и денес една од нејзините најголеми страсти и покрај тоа што кариерата ја изгради и во музички и актерски правец. 

Токму на танцот може да му заблагодари на добриот изглед. Стана препознатлива по облините, дури и придонесе за популаризирање на овој тренд. 

Со нејзиниот изглед, го градеше и стилот. Сите го паметат тропскиот фустан на „Версаче“ од 200о година. Тоа веројатно беше и клучниот момент кога медиумите почнаа повеќе внимание да обрнуваат и нејзиниот стил.

Она што е интересно за Џенифер во овој контекст е што не може да се рече дека драстично се менувала, но ниту пак останала иста. Со секое појавување таа привлекува внимание.

Ја гледавме и со долга права коса, но и со кратка и кадрава. Исто така, заедно со Бијонсе, придонесе за популаризирање на таканаречените „голи фустани“.

2015

Воедно, тие се и нејзина препознатливост. Од друга страна, сè почесто ја гледаме и во максимално женствени комбинации, каде дава до знаење дека софистицираноста и елегантноста се нешто што го преферира.

Од друга страна, свесна за својот изглед, не се лиши од ултра кусите фустанчиња и здолништа.

Во продолжение погледнете низ 49 фотографии како се менуваше нејзиниот изглед:

1997

1998

2000

2001

2002

2003

2004

2004

2005

2006

2007

2007

2009

2010

2010

2011

2012

2012

2013

2014

2014

2014

2015

2015

2015

2015

2015

2016

2016

2016

2016

2016

2017

2017

2017

2017

2017

2017

2017

2018

2018

2018

2018

2018

2018

2018

2018

2018

 

Објавено:
24 јули 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.237 пати