Џенифер Лопез во масивен розов фустан на премиерата на новиот филм

14 декември 2018

Џенифер Лопез дефинитивно знае да привлече внимание каде и да се појави. Токму тоа се случи и вчеравечер на премиерата на нејзиниот нов филм „Second Act“ каде пристигна во масивен розов фустан на Џамбатиста Вали со огромни карнери.

daniel_zuchnik_via_getty_images

Фустанот таа го комбинираше со сандали на висока потпетица од ресортот на Џими Чу, нежна шминка и фризура врзана во висока пунџа.

„Ова е фустан. Ова е како да носиш пет фустани“, изјави популарната актерка и пејачка за нејзиниот фустан.

На премиерата таа пристигна со нејзиното момче Алекс Родригез кој постојано ја фотографираше и објавуваше постови на Инстаграм.

east_bay_times

„Мислам дека сме на Мет балот. Ова е најубавиот фустан што сум го видел во мојот живот. Пинк Пантер“, изјави тој за магазинот Extra.

Инаку, филмот „Second Act“ режиран од Питер Сигал, ја раскажува приказната за Маја Варгас, асистент менаџер во една продавница која за нејзиниот 43 – ти роденден единствено нешто што посакува е да ја унапредат.

daniel_zuchnik_via_getty_images

Откако тоа нема да се случи, таа дава отказ и ја добива работата од соништата и сè што посакувала, но како да го задржи сето тоа...

Покрај Џенифер Лопез, во филмот се појавуваат Лиа Ремини, Мило Вентимиља и Ванеса Хаџенс, а истиот можете да го погледнете и во нашите кина од 21 – ви декември.

evan_agostini_invision_ap

Објавено:
14 декември 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
756 пати