Џенифер Лоренс блесна на БАФТА

20 февруари 2018

Во рамки на БАФТА, вчера вечер се оджа и европската премиера на филмот „Red Sparrow“. Главните улоги во филмот ги толкуваат Џенифер Лоренс и Џоел Еџертон.

Актерката буквално блесна на црвениот килим во креација на „Диор“. Се работи за толаета во златна нијанса. Здолништето е плисирано и во комбинација со розови и сребрени тонови. Горниот дел пак го краси длабоко деколте и гол грб. 

Џенифер се одлучи овој пат за пуштена и брановидна коса.

Џоел пак, изгледаше одлично во тегет одело на риги, во комбинација со сива вратоврска, розово марамче и темновиолетови чорапи.

На забавата потоа, Џенифер се пресоблече во тесен црвен фустан, кој го комбинираше со беж капут и црни сандали со ремче.

Сепак, многумина мислат дека стајлингот на Лоренс од отворањето на 71-то издание на БАФТА е ненадминлив. 

Се работи повторно за црна тоалета на „Диор“ со бел зашиен шал, креација од последната колекција на брендот. 

Која креација вам повеќе ви се допаѓа?

Објавено:
20 февруари 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.181 пати
Извор: 
daily mail