Џенифер Лоренс е повторно најплатената актерка

24 август 2016

Втора година за ред, парите се на страната на Џенифер Лоренс. Таа е повторно најплатената актерка во светот според „Форбс“, со заработени 46 милиони долари во последната година, што е за 13 милиони долари повеќе од второ рангираната, Мелиса Мекартни, која оваа година се збогати за 33 милиони долари.

Најголем дел од профитот на Лоренс доаѓа од серијалот „The Hunger Games“, како и од остварувањето „Passengers“, чија премиера се очекува во декември годинава.

Севкупно земено, Џенифер има за 11,5% помалку заработувачка од претходната година, кога износот беше 52 милиони, но сепак остана на врвот, кога се финансиите во прашање.

Мелиса Мекартни

После Лоренс и Мекартни, на третото место на листата најплатени актерки се наоѓа Скарлет Јохансон со 25 милиони долари. Инаку, Јохансон се враќа на листата после три години пауза.

Скарлет Јохансон

Во рангирањето биле вклучени и ѕвездите од Боливуд, па така, на листата за првпат се најде и индиската актерка Дипика Падуконе.

Дипика Падуконе

Меѓу првите десет се наоѓа и Џенифер Анистон, која само од реклами на своето конто во изминативе 12 месеци додаде 21 милион долари.

Инаку, листата е правена од финансиските остварувања на актерките од 1-ви јуни 2015 до 1-ви јуни 2016 година.

Како покажуваат статистиките, четири жени од првите десет се искачиле на листата од минатата година, остварувајќи приход поголем од 20 милиони долари, во споредба 18-те водечки машки актери, листа која ќе биде објавена утре, како пренесува „Форбс“.

Џенифер Анистон

Кога сме веќе кај споредбите, едно неодамнешно истражување покажа дека женските ликови пополнуваат само 28.7 проценти од улогите во филмовите што вклучуваат и текст. Од друга страна, жените се појавуваат во секси издание повеќе од една третина од времето и се прикажуваат делумно или целосно голи 27.5 проценти од времето, што е три пати повеќе од мажите.

Еве ја и комплетната листа на 10-те најплатени:

10. Дипика Падуконе - 10 милиони долари

9. Мила Кунис - 11 милиони долари

8. Џулија Робертс - 12 милиони долари

7. Ејми Адамс - 13.5 милиони долари

6. Шарлиз Терон - 16.5 милиони долари

5. Фан Бингбинг - 17 милиони долари

4. Џенифер Анистон - 21 милион долари

3. Скарлет Јохансон - 25 милиони долари

2. Мелиса Мекартни - 33 милиони долари

1. Џенифер Лоренс - 46 милиони долари

Објавено:
24 август 2016
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
385 пати