Џенифер Лоренс: Од слатки и од хот – дог не би се откажала никогаш во животот!

15 ноември 2013

До совршено тело стигна без никаков проблем. Или барем така таа тврди. Актерката Џенифер Лоренс вели дека воопшто не сака да вежба, а храната ја сака толку многу, што нема никакви шанси да се откаже од неа.

„Ништо не може доволно да ме мотивира“, вели актерката која ниту за филмот „Икс мен“ во кој се појавува потполно гола, не подлегнала на драстични диети и вежби.

Ѕвездата на филмот „Игри на гладта“, која на берлинската премиера се појави во исклучително шик палто, вели дека храната е премногу добра за да си ја ограничи.

„За време на снимањето на филмот Игри на гладта, внесував неверојатни количини на храна и постојано си велев себеси дека морам да престанам да го правам тоа, бидејќи луѓето набрзо ќе забележат. Но, не! И понатаму продолжив да јадам слатки и хот дог“, признава актерката.

Меѓу јадењата во кои таа најмногу ужива се месото, помфритот, пицата, шпагетите болоњезе и чизкејкот, а на шега вели дека добрата фигура на телото му ја должи на нејзиниот брат со кого пораснала.

„Постојано се расправавме и се тепавме, но секогаш после тоа си кажувавме еден на друг колку се сакаме. Благодарение на тоа што пораснав во друштво на две момчиња, никогаш не сум била опседната со физичкиот изглед, како што би било доколку имав сестра“, вели Џенифер.

Прекрасната актерка која пред неколку дена на светот му ја покажа новата, шармантна фризура, вели и дека повеќе нема да експериментира со бојата на коса, бидејќи косата многу набрзо би можела да и опадне.

Објавено:
15 ноември 2013
Категорија: 
Сцена