Џесика Алба како гламурозна дива од 80-те

21 јуни 2018

Холивудската актерка која пред неколку месеци го донесе на свет своето трето дете, Џесика Алба, се фотографираше за насловната страна на јулското издание на магазинот InStyle.

Темата за насловната, вклучително и за фото едиторијалот, во својот фокус го става стилот од 80-те години, па актерката ја гледаме во интересни трансформации чиј прв печат е натапираната коса со волумен, што беше еден од стилските императиви на 80-те години.

Алба носи дизајни инспирирани од естетиката на оваа декада, со потпис на Живанши, Гучи, Мајкл Корс и Алберта Ферети, а сите стилски аутфити ги комплетираше стилистката Карла Велш.

Фото извор: InStyle

Објавено:
21 јуни 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
278 пати