Џесика Алба нападната од револтирани родители!

4 август 2015

Овие денови Џесика Алба е на сериозен удар на јавноста откако некои родители на социјалните мрежи објавија фотографии со изгореници од нивните деца кои ги користеле производите за заштита од компанијата на актерката.

Таа веднаш одговори на овие обвиненија со појаснување дека ќе направат сѐ што треба за да ја исправат грешката.

„Ние, заедно со целиот тим во нашата компанија ги преземаме сите мерки на претпазливост кога работиме со нашите производи за да на крајот сите бидат здрави и среќни. Како родители, нѐ боли кога ќе чуеме дека некој имал лошо искуство со нашите производи за заштита од сонце“, напишаа актерката и нејзиниот партнер во заедничко соопштение.

Имено, во текот на изминатите неколку месеци на социјалните мрежи како Инстаграм, Фејсбук и Твитер, родители објавуваа фотографии од изгорениците на нивните деца кои го користеле млекото за сончање на компанијата „Honest“ на Џесика Алба.

Кон нивните објави, се придружија и возрасни кои го користеле истото млеко за сончање, а кои на крајот добиле многу сериозни изгореници на бројни места по телото.

 

Инаку, компанијата „Honest“ на актерката, изминатата година беше проценета на околу една милијарда долари, што е вистински успех за нејзиното време на постоење.

Објавено:
4 август 2015
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.990 пати