Џими Кимел не можеше да ги сопре солзите поради синот

12 декември 2017

Последната емисија на Џими Кимел емитувана вчера, беше навистина емотивна. Познатиот водител втор пат во емисијата го покажа својот син Били, кој минатата недела ја имаше втората операција на срце.

Инаку, Били е роден со срцева маана, па веднаш по раѓањето во април годинава му е направена операција на отворено срце.

Поради втората операција на синот, Џими Кимел го заменуваа Крис Пат и Мелиса Мекартни.

„Здраво, јас сум Џими, а ова е Били. Минатата недела не бев тука, бидејќи имаше операција. Но, погледнете, тој е добро. Можеби веќе се покака, но ќе биде добро“, се пошегува водителот уште на почетокот.

Она низ што минува малиот Били, а и целото семејство со него, предизвика солзи кај водителот, па додаде:

„Тато плаче на телевизија, но Били не. Ова е неверојатно. Инаку, му треба уште една операција. Велат дека веројатно ќе освои бронзен медал, најмалку, на Олимписките игри во 2036 година“, уште еднаш се пошегува Џими.

Обраќањето во целост погледнете го во продолжение:

 

фото извор: dailymail.co.uk

извор: washingtonpost.com; dailymail.co.uk;

Објавено:
12 декември 2017
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.134 пати