Џоан Риверс води сериозна битка со здравјето

30 август 2014

joan

Ако помисливте дека се работи за компликации од бројните пластични операции, тоа не е причината за влошената здравствена состојба на 81-годишната актерка Џоан Риверс.

Според американските медуми, водителката и комичарка била ставена во вештачка кома, после компликациите од операцијата на грлото, односно гласните жици.

Нејзината состојба станала критична кога во текот на рутинската операција на грло, таа престанала да дише, по што итно е префрлена на интензивната нега.

Мелиса Риверс Мелиса Риверс

После првичниот шок, нејзината состојба сега е стабилна, но и понатаму е под надѕор на докторите, а со неа е и ќерката Мелиса.

Џоан во светскиот шоубизнис се смета за легенда на американската телевизија. Позната е по остриот јазик, посебно во емисијата „Модна полиција на каналот Е“, поради што е често критикувана, но таа  не се грижи претерано.

Голем број колеги и' дадоа поддршка и и' посакаа побрзо опоравување.

 

Објавено:
30 август 2014
Категорија: 
Сцена