Џон Траволта првпат со семејството на црвен килим во Кан

16 мај 2018

Актерот Џон Траволта (64) беше уште една од познатите личности кои се дел до годинашново издание на Канскиот филмски фестивал. На црвениот килим во Кан за првпат се појави заедно со семејството. Сопругата Кели Престон (55), синот Бенџамин (7) и ќерката Ела (18) го придружуваа на премиерата на филмот „Gotti“.

Тој одбра темно кадифено одело, а многумина коментираа дека годините актерот почнале да го издаваат. За тоа можеби придонесе и новиот имиџ - подолга коса зачешлана наназад и брада од неколку дена.

Неговата сопруга, која исто така игра во остварувањето, и ќерката одбраа слични креации - долги црни здолништа од тул, во комбинација со впечатлив горен дел.

На Бенџамин ова му е прво појавување на црвен килим воопшто, а Џон за него ќе каже дека тој е „лепакот“ што го држи семејството заедно после трагичната загуба на нивниот син Џет, кој почина во 2009 година, на 16-годишна возраст. 

„Не можам да замислам како би изгледал животот без Џет. Кога се роди и кога го избањаа, го држев со часови, додека Кели спиеше. Кога дојдоа да го земат за некои тестови, им реков, „Не, не можете да го видите денеска. Ќе мора тоа да го направите некој друг ден. Малку бев „шашав““, изјави Траволта во едно интервју во 1994 година.

Пет години по загубата на синот, тој изјави дека „тоа е најлошата работа која некогаш му се случила, дека воопшто немал интерес за да прави било што“. Но, потоа на свет доаѓа Бен и го менува неговиот живот компелтно.

Инаку, освен појавувањето на црвениот килим, Џон успеа да го привлече вниманието и на забавата после официјалниот дел, каде го игра неговиот познат танц, на музика на неговиот пријател 50 Cent.

 

A post shared by Jeremy Bettis (@jbettis420) onMay 15, 2018 at 4:50pm PDT

 

Објавено:
16 мај 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
2.468 пати
Извор: 
daily mail