Џонатан Сандерс одбележува 10 годишен јубилеј

15 март 2014

Џонатан како музи за колекцијата пролет/лето 2014 ги истакнал неговата сестра Наоми, пријателките Иви и Вивиен, кои според него се „слободни духови“. Колекцијата е составена од панталони и шорцеви со цветен принт, здолништа со омбре ефект, кардигани, свилени фустани со принтови и рамни чевли.

Сандерс кој е по потекло од Шкотска, на 26 години започнал да креира парчиња и тоа во неговата спална соба, посетувал часови во уметничкото училиште во Глазгов, за на крајот да биде дел од модната индустрија. Токму искуството во минатото е причина дизајнерот секогаш да биде во потрага по нови техники и вештини,  кои ќе може да ги вметне во своите колекции, каде се присутни разни везови и текстури, кои се всушност дел од новата пролетна колекција .

Дизајнерот оваа година прославува 10-ти роденден откако е дел од модната сцена и за него предизвик и понатаму ќе бидат дами кои знаат што сакаат да носат,  а посебно задоволство му претставува кога случајно ќе наиде на луѓе кои ги носат неговите дизајни.

Објавено:
15 март 2014
Категорија: 
Сцена