Џорџ и Амал Клуни очекуваат близнаци!

10 февруари 2017

Вистински „бејби бум“ се случува во Холивуд! Уште една позната двојка очекува близнаци, како што тоа е случај со Бијонсе која неодамна ги објави вестите на социјалната мрежа Инстаграм.

Познатата водителка и новинарка Џули Чен која веќе долго време стои зад емисијата „The Talk“, објави дека Џорџ и Амал Клуни очекуваат близнаци како што впрочем подолго време се шпекулираше.

„Она што засега го знаеме е дека близнаците треба да се родат во јуни“, посочи таа во вчерашната емисија.

Познатата двојка ги „разгоре“ шпекулациите кога неодамна се појави на аеродромот во Барселона каде таа за прв пат беше облечена во широки парчиња од кои лесно можеше да се воочи нејзиното стомаче.

Извор близок до двојката за американските медиуми изјавил дека и двајцата се многу среќни бидејќи сакале само едно дете, а радоста била уште поголема сега кога дури две се на пат.

Долгогодишниот пријател и холивудски колега на актерот, Мет Дејмон, за ET Canada изјавил дека е многу среќен за семејството Клуни.

„Пресреќен сум за нив. Таа е неверојатна. Тој навистина доби џек – пот, во секоја смисла на зборот. Тие ќе бидат супер родители, нивните деца ќе бидат многу среќни“, изјавил актерот.

Но, Амал не е единствената дама за која светот вчера дозна дека е бремена. Имено, на својот Инстаграм профил прекрасната манекенка и девојка на шармантниот Џејсон Статам, Роси Хантингтон Вајтли на Инстаграм ја објави веста дека и тие наскоро ќе станат родители.

Нејзините обожаватели веќе долго време се сомневаа дека таа е бремена поради широките парчиња во кои постојано можевме да ја видиме, а кои воопшто не се својствени за неа.

Под прекрасната фотографија манекенката напиша:

„Многу сме среќни што можеме да споделиме со вас дека Џејсон и јас очекуваме дете. Ви испраќаме многу љубов на сите“.

Објавено:
10 февруари 2017
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.555 пати