Џорџ и Амал Клуни за прв пат ги покажаа близнаците

25 јуни 2018

Џорџ Клуни уште еднаш докажа дека навистина му годи улогата на татко и ужива во семејниот живот заедно со неговата сопруга и близнаците.

Тој и Амал Клуни (40) беа фотографирани заедно со едногодишните близначиња на аеродромот во Сардинија, Италија каде ќе го поминат семејниот одмор.

Педесет и седумгодишниот актер кој го промени изгледот за серијата Catch 22, изгледаше одлично во друштво на шармантната сопруга која носеше цветни панталони комбинирани со едноставна бела маичка.

Тие беа фотографирани со нивните едногодишни близначиња кои за приликата беа облечени во бели маички и слатки фармерчиња.

Ова беше прв пат тие да бидат фотографирани откако пред некое време донираа голема сума на пари за Центарот за имигранти.

Двојката тогаш изјави дека е во неверување што всушност се случува и дека не можат да седат дома и да не прават ништо.

 

„Вистина ли е дека нашата земја одзема бебиња од нивните родители и ги сместува во згрижувачки центри?“, беше нивното прашање при посетата на центрите.

Џорџ и Амал и досега многупати имаат донирано големи суми на пари за разни цели, а ова беше уште една потврда зошто се едни од најобожуваните ѕвезди во светот.

Објавено:
25 јуни 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
3.524 пати