Џорџија Меј Џегер ви праќа бакнежи

5 септември 2014

Маркантната манекенка и ќерка на легендарниот Мик Џегер, Џорџија Меј Џегер е ангажирана во необична кампања на францускиот бренд за чевли и аксесоари, Minelli.

Имено со оглед на тоа дека дека нејзин препознатлив заштитен знак е симпатичното растојание меѓу предните заби, Џорџија е заштитно лице во кампањата каде акцентот е ставен на принтовивите од нејзините усни.

Русокосата убавица на фотографиите ја гледаме во неколку различни изданија со микс помеѓу рокерскиот имиџ презентиран преку моторџиските чиџми и тесните хеланки и класичниот елегантен женствен стил, прикажан преку струкираното одело и високите потпетици.

 

 

 

Објавено:
5 септември 2014
Категорија: 
Сцена