Џулија Робертс бремена на 47 годишна возраст?

11 декември 2013

Славната актерка Џулија Робертс овие денови е главна тема по медиумите и тоа се поради папарацо фотографии на кои се гледа нејзиниот заоблен стомак. Доколку се потпреме на визуелното, Робертс со нејзиниот партнер Дени Модер го очекуваат своето  четврто дете. Џулија е во брак со Дени од 2000 година и ги имаат шестгодишниот Хенри и деветгодишните близнаци Финиус и Хејзеј.

 

Актерката неодамна изјави дека не сака да снима повеќе од еден филм годишно, зашто сака да биде поактивна во приватниот живот. Инаку, со своите 47 години Џулија ќе биде една од ретките жени што успеаја да забременат доцна. Од славните личности, дете после четириесеттата добија и Мадона, Хали Бери, Ума Турман и Мараја Кери.

 

.

 

Објавено:
11 декември 2013
Категорија: 
Сцена