Џулија Робертс ги прекрши правилата на Канскиот филмски фестивал

14 мај 2016

Деновиве во центарот на вниманието е Канскиот филмски фестивал на кој досега покрај фантастичното жири, се појавија и бројни холивудски ѕвезди да ги промовираат своите нови филмски остварувања.

Се чини една од ѕвездите најмногу блесна, што и беше очекувано. Единствената и секогаш прекрасна Џулија Робертс на премиерата на новиот филм „Money Monster“ режиран од Џоди Фостер со Џорџ Клуни во главната улога, изгледаше неверојатно секси во црната тоалета со длабоко деколте.

Иако на почетокот можевме да ја видиме во ултра високи стилски потпетици на црвениот килим, убавата бунтовничка за кратко ги соблече со што го искажа револтот против правилата на Канскиот филмски фестивал дека никој не може да биде дел од манифестацијата доколку не носи високи потпетици.

Овој чин на актерката доаѓа само една година подоцна откако група жени во 50 – тите биле вратени од премиерата на филмот „Carol“ поради тоа што не носеле високи потпетици.

Светските ѕвезди го искажаа својот револт веднаш откако беше објавена оваа информација по сите светски медиуми.

„Да бидеме искрени, сите треба да носат рамни чевли. Никој не треба да носи потпетици. Таквото барање е многу понижувачко, токму кога мислевме дека почнуваат да не сметаат за еднакви со мажите“, рече тогаш актерката Емили Блант на една прес конференција.

Со својот чин, Џулија Робертс предизвика вистинско воодушевување кај сите присутни на премиерата, а воодушевувањето беше надополнето кога на црвениот килим пристигна дамата Сузан Сарандон во елегантни црни балетанки.

Објавено:
14 мај 2016
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
4.822 пати