Ѕирнете во прекрасното ателје на Миша Ноно

19 октомври 2013

Британската дизајнерка Миша Ноно не е само забавна, омилена за разговор меѓу дизајнерите, туку е и исклучително талентирана и креативна.

По завршувањето на факултетот за бизнис во Париз, таа вели дека и било многу тешко, но издржала до крај и научила буквално се за стилот и за водењето на бизнис и го усовршила нејзиниот француски.

Ноно ја лансираше нејзината нова колекција пролет/лето 2014 во Њујорк и за истата многу од критичарите ќе кажат дека е нејзината најдобра до сега.

Истата се состои од неверојатни материјали, многу цветни принтови и романтични дезени, а беше претставена на овогодишната њујоршка модна недела.

Она што дефинитивно е пример за вистинска инспирација е нејзиното неверојатно ателје во Сохо, Њујорк.

Дизајнерката ќе каже дека сака да дизајнира парчиња облека што девојките ќе можат да ги носат секој ден.

„Ние постојано сме зафатени. Од работа одиме на ручек, на вечера, на пијалак, па поради тоа и нашите алишта мора да бидат прилагодливи и исклучително удобни“, вели Ноно.

Погледнете го нејзиното ателје и дел од парчињата убавина што таа ги создава.

Објавено:
19 октомври 2013
Категорија: 
Сцена