Ѕвездата на Game of thrones кажа „да“ на скромна церемонија во Лас Вегас

2 мај 2019

Ѕвездата на една од најпопуларните серии било кога направени Game of thrones, Софи Тарнер го кажа судбоносното „да“ на нејзиниот партнер Џо Џонас на скромна церемонија во Лас Вегас.

Иако тие ја објавија нивната свршувачка во 2017 – тата, овој потег беше сосема неочекуван, но прифатен со воодушевување кај нивните обожаватели.

Деверица на церемонијата била Пријанка Чопра, сопруга на братот на Џо, Ник Џонас, додека познатите кантри ѕвезди Ден и Шеј се погрижиле за музичкиот дел.

Новостите на Инстаграм ги сподели нивниот пријател, диџејот Дипло кој постојан објавуваше „Инста приказни“ од нивната венчавка. За целата ситуација да биде уште поавтентична за Вегас, ги венчал „двојник“ на Елвис Присли, а на регистрацијата присуствувале само семејствата на Софи и Џо.

По завршувањето на истата, прославата продолжила во луксузниот хотел каде престојувале, односно во џакузито и делот за релаксација.

Нивната церемонија, која наводно чинела само 600 долари, е целосна спротивност на луксузната и раскошна свадба на Пријанка и Ник за која беа потрошени неколку милиони долари.

Претходно, се шпекулираше дека двојката најверојатно ќе се венча во Франција, но засега нема информации дали церемонијата таму воопшто ќе се одржи.

Инфо и фото: Daily Mail

Објавено:
2 мај 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
842 пати